Прогонителот на поп ѕвездата Мадона, Роберт Хоскинс, кој пред една седмица побегнал од психијатриската болцница во која се наоѓал, бил фатен и вратен на лекување. Полицијата го пронашла во близина на болницата Норвок во која претходно се лекувал. Тој и станал познат на јавноста по тоа што пред 15 години упаднал во куќата на Мадона, а претходно со месеци ја следел и и се заканувал.
Познатата пејачка тогаш била спасена од телохранителите кои пукале и го раниле Хоскинс во ногата. Тој по судењето бил упатен на лекување во психијатриска болница со препорака дека може да биде многу насилен доколку не зема лекови. Мадона на судењето рекла како Хоскинс и зборувал дека мора да биде негова сопруга или во спротивно ќе ја убие.