Во пештерите во Кина биле пронајдени остатоци од четири пештерски луѓе, а археолозите мислат дека е откриен потполно нов вид хуманоид. Тие тврдат дека ова сознание би можело да ја промени теоријата за еволуцијата. Фосилите кои биле пронајдени во две пештери во Кина, потекнуваат од каменото време, и претставуваат многу необична мешавина на стари и модерни одлики.


Научниците ги нарекле „Луѓе на црвениот елен“, поради животните кои тогаш ги ловеле, и сметаат дека фосилите се стари помеѓу единаесет и пол и четиринаесет и пол илјади години, што ги прави најмлади хуманоди пронајдени во Азија. Експертите навеле дека тие најверојатно дошле во Азија од Африка.