Научниците тврдат дека пронашле потполно нов вид октопод при истражувањето на дното на Тихиот океан во близина на Хаваите. Истражувачите на 27 февруари пронашле мал октопод со светла боја во близина на островот Некер, на длабочина од околу четири километри, изјави Мајкл Веционе од Националната управа за океани и атмосфера. Тој наведе дека октоподот нема пераи, дека има многу светла боја и дека не изгледа премногу снажно.
Изјави дека животното е со чуден изглед, што доведе до коментари на социјалните мрежи дека би требало да добие име Каспер, според добриот дух. Истражувачот додава дека е многу необично на толку голема длабочина да живее октопод без пераи. Претходните длабочини на кое се пронајдени октоподи со пераи биле помали од четири километри. Според неговите зборови, експертите констатирале дека станува збор за необично суштество на рекордна длабочина.