Две лица во Полска тврдат дека пронашле нацистички воз со товар злато, скапоцени камења и други скапоцености, кои според локалната легенда, исчезнал кон крајот на Втората светска војна додека Германците бегале од советските сили. Марика Токарска, портпаролот на Валбжих, град на југозападот на Полска, во кој возот наводно е откриен, рекла дека властите добиле дописи од адвокатските фирми кои ги застапуваат двајцата пронаоѓачи на возот.
Едниот од нив е полски, а другиот германски државјанин. Инсистирале на анонимност и бараат 10 проценти од вкупната вредност на сокриеното богатство во замена за откривање на неговата локација. Токарска за медиумите објасни дека властите сериозно ги сватиле нивните наоди и договориле состанок со пожарникарите, полицијата и други претставници на власта како би се востановило како да се извлече возот, за кој се претпоставува дека би можел да биде поврзан со експлозив.