Мозок стар најмалку 2.000 години, кој по се изгледа е и најстар на светот, е откриен во северна Англија.

Мозокот кој датира од железното време е пронајден во череп во археолошко наоѓалиште, кое датира од периодот од 300 или повеќе години пред новата ера, во близина на градот Јорк. Мозокот како што веруваат научниците бил ритуална понуда за боговите.


Палеонтологот Рејчел Кјубит изјавила дека кога го ископала черепот почувствувала како нешто мрда во него за потоа и да забележи некоја жолтеникава смеса внатре. Черепот бил скениран во болница во Јорк и таму било потврдено дека во него се наоѓа мозок.

“Многу е ретко остатоци од мозок да останат таму каде ниедно друго ткиво не е сочувано. Овој мозок е многу добро зачуван“ објасила Соња Конород од Универзитетот во Брадфорд.