Вчера околу 19 часот, јужно од авто-кампот „Градиште“ пронајдено е безживотно машко тело. По преземени мерки од страна на СВР Охрид, констатирано е дека се работи за лицето Зоран Јосевски роден 1983 година од Куманово.

На лице место извршен е увид од страна на Истражен судија и заменик Јавен обвинител при Основниот суд во Охрид, Патолог  како и екипа на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Поради непристапност на теренот, увидот продолжи и во текот на денешниот ден. Лешот кој бил пронајден на околу 200 метри од езерскиот брег, е подигнат и префрлен во Општата болница во Охрид. Според судско-криминалистичкиот увид, на безживотното тело не се забележани траги на насилство односно се работи за несреќен случај, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews