Холандската полиција пронашла расадник од канабис сокриен во бункер од Втората светска војна, соопштил денес полицискиот портпарол. Портпаролот Кор Спруијт изјавил дека полицијата во петокот открила нелегален расадник на канабис во стар бункер откако за случајот добила анонимна дојава.
Полицијата во стар бункер во Катвијк во близина на Северното море пронашна 168 билки канабис од кои повеќето биле со висина од најмалку еден метар. Билките биле унишитени. Стариот бункер е дел од таканаречениот „Атлантик ѕид“ кој нацистите го изградиле во 1942 година како би го заштитиле Северното море и брегот на Атлантикот од инвазија на сојузниците.