Во Јужна Америка истражувачите пронашле фосил од најголемата змија на светот.
Змијата Титанбоа од пред 60 милиони години, која веројатно живеела во прашуми и се хранела со крокодили, била долга 13 метри, а тешка 1.150 колограми.
За споредување, зелената анаконда, најтешката змија која сега живее на земјата, тежи 250 килограми, а најдолгата змија достигнува до 10 метри должина.
„Титанбоа била потешка од бизон а подолга од автобус. Можела без проблем да изеде животно со големина на крава. Човекот би бил само ужина“ – рекол експертот за змии Џек Конард.
Колкава била големината на змијата најдобро ја опишал палеонтологот Џејсон Кеад, кој на шега рекол:
„Ако змијата се обидела да влезе во мојата канцеларија да ме изеде, неверувам дека би поминала низ вратата“.
Детали за откритието се објавени во списанието „Nature“.