Фосилни остатоци на огромна птица која наликува на пеликан стари 35 милиони години биле пронајдени во пустината во Перу, соопштиле палеонтолозите. Клаус Хонингер, водачот на тимот кој го пронашол фосилот, рекол дека птицата личи на голем пеликан висок два метри и дека потекнува од ерата на олигиценот. Олигецен е дел од палеогениот период кој започнал пред 40 милиони години и завршил пред 23 милиони години, а бил обележан со изумирањето на бројни врсти, со генералното ладење на земјата и сушите.
Хонингер рекол дека на фосилот јасно се гледале остатоци од кожа. Тоа било извонредно откритие бидејќи никогаш претходно не бил откриен сличен примерок. Пустината во Перу е популарна меѓу палеонотлозите поради големиот број фосили на китови, ајкули и пингвини.