Рударите во јужноафриканското кралство Лесото, пронајдоа еден од најголемите дијаманти на светот од речиси 500 карати.

Дијамантот е пронајден во рудникот Летсенг, а експертите утврдиле дека има 478 карати.

„Има потенцијал од него да се направи една од најголемите драгоцености во историјата“ – изјавиле од рудникот.


Летсенг е еден од најпродуктивните рудници во историјата. Во него се пронајдени 4 од 20-те најголеми дијаманти на светот, вклучувајќи 3 најголеми во овој век.

Најголемиот дијамант на светот е „Кулинан“, пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Тежел повеќе од 3.100 карати пред да биде рассечен на повеќе од 100 помали драгоцености, од кои многу се наоѓаат во британската кралска  круна.