Во меѓувреме продолжува и распитот на сведоци и лица кои можат да имаат корисни информации за истрагата, а македонско-хрватско-словенечката комисија врши биохемиски анализи на материјалите од бродот.
Овие активности треба да помогнат да се откријат причините за потонувањето на бродот „Илинден“, при што животот го загубија 15 бугарски туристи. Претставници на бугарското обвинителство ја следат истрагата што ја вршат македонските институции, но не учествуваат во неа. Тие изразија потполна доверба во македонските истражни органи, кои според нив постапката ја водат професионално.
„Илинден“ е закотвен во каналот Студенчишта каде денеска проѓаа голем број љубопитни граѓани, а можеа да се забележат и бугарски туристи кои го гледаа бродот во кој загинаа петнаесет нивни сонародници.