Компанијата Петра Дајмондс пронашла бел дијамант од 232,08 карати во рудникот Калинан во Јужноафриканската Република, чија вредност би можела да изнесува помеѓу десет и шестнаесет милиони американски долари.
Вредноста на акциите на компанијата поради тоа пораснала за 6,5 %.
Се работи за најголемиот дијамант кој таа компанија го пронашла од 2009 година кога во истиот рудник е пронајден дијамант од 507 карати. Тој дијамант постигнал рекордна цена од 35,3 милиони долари.
Аналитичарите очекуваат дека новиот дијамант би можел да постигне цена помеѓу десет и шестнаесет милиони долари. Би требало да се продаде оваа година.