Британската компанија „Gem Diamonds Ltd“ објавила дека пронашла 198-каратен бел дијамант во својот рудник во Лесото, кој би можел да постигне исклучителна цена, кога ќе се продава оваа година. Компанијата има еден рудник во Лесото, Летсенг, и развива уште еден во Боцвана. Летсенг е познат по своите исклучителни бели дијаманти, а откако компанијата купила 70 проценти од рудникот, во него се пронајдени четири од дваесетте најквалитетни бели дијаманти во историјата.
Експертите велат дека дијамантот би можел да биде продаден за 10 до 15 милиони долари, а проценката ја темелат врз сличен скапоцен камен од Летсенг продаден во 2010 година. Компанијата претходно оваа година продала 162-каратен дијамант за 11,1 милион долари, и 161,31 каратен за 2,4 милиони.