Мумифициран издолжен череп од музејот Привадо Ритос Андинос во Перу конечно би можел да го докаже постоењето на вонземјани, пишуваат медиумите. Необично обликуваната глава од 50 сантиметри ги збунила и антрополозите. Пронашле остатоци од уште една слична во градот Андахуалилас, во јужната провинција Куиспичанчи, но тие не биле добро сочувани.
Претставникот на музејот Ренато Давила Рикелме објаснил дека очните шуплини на черепот биле поголеми отколку човечките. Черепот имал фонтанели, кои се карактеристични за децата до една година, но имал и трајни заби. Во музејот минатата седмица пристигнале тројца антрополози од Русија и Шпанија. Се сложиле дека черепот не е човечки си спремаат за подетални истражувања.