Човечки труп доцна попладнево е пронајден во водите на реката Сатеска на самиот влив во Охридското Езеро. Местото веднаш е обезбедено од полициски екипи кои не дозволуваат пристап.

Засега СВР Охрид не соопштува никакви информации, а не е познат ниту идентитетот на жртвата која неофицијално била избодена со нож.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, најави дека во текот на вечерта ќе ги информира медиумите подетално за овој немил настан.

ohridnews