Америкаснките археолози ги пронашле на Хаваите потопените остатоци од китоловецот кој го управувал капетанот кој бил инспирација на Херман Мелвил за ремек делото „Моби Дик“. Бродот „Двајца браќа“ кој се насукал на коралниот гребен и потонал 1823 година бил управуван од капетанот Џорџ Полард. Наводно бродот потонал во Тихиот Океан по удар од кит, и токму тоа послужило како приказна за книгата објавена 1851 година.
Капетанот и неговиот екипаж пловеле три месеци на море без храна, поради што наводно биле приморани да станат канибалисти, пред да бидат спасени. Остатоците од бродот „Двајца браќа“ во плитките води на Хаваите ги откриле истражувачите при американската национална управа за океани и атмосфера. Остатоците биле пронајдени 965 километри северозападно од Хонолулу. Пронајдени биле две сидра, харпуни, садови за готвење и правење рибино масло.