Од СВР Охрид информираат дека едно патничко моторно возило марка „ Ауди А-4“ со струшки регистарски таблици вчера во 14 часот и 30 минути било забележано во близина на автобуската станица во Дебар.

– Возило сопственост на У.К. од струшкото село Велешта е забележано од полициски службеници и истото било заклучено. По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Целокупниот пронајден материјал ќе биде предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.   

OhridNews