Редок примерок на атлас, стар 415 години кој пред една деценија бил украден од Кралската библиотека на Шведска, бил пронајден во Њујорк, САД. Витфлит атласот од 1597 година, кој го направил фламанскиот картограф Корнелиус Витфлит, е првиот атлас посветен на таканаречениот Нов Свет, односно на двете Америки, и содржи 19 регионални мапи.

Тоа е првата пронајдена ретка книга од вкупно 56 кои биле украдени од шведската библиотека. Од 1995 до 2004 година ги украл еден библиотекар, кој подоцна се самоубил. Застапникот на библиотеката изјавил дека сите украдени книги биле препродадени преку една германска аукциска куќа.