Пронадено е безживотното тело на 6- годишното девојче Дрита Амети, кое пред една недела исчезна во поплавите во Тетовско, јавува „Телма“.
Телото го пронашле жителите на селото Шипковица со помош на АРМ под урнатините од куќата на нејзиниот братучед, неколку куќи подалеку од нејзиниот дом.
Потрагата траеше една недела, а телото на девојчето е е пронајдена сабајлево во 11 ипол, во подрумот од куѓата.
Во моментов се очекува јавен обвинител да изврши увид.
Во поплавите во Тетовско зачинаа шест луѓе, од кои три деца.
OhridNews
извор:„Телма“