Во полицијата акција во селото Малино Маало на северната граница со Косово, кое се наоѓа во близина на Брест и Гошинце, по претходни сознанија на МВР дека на тој терен има лица поврзани со нападпот на полициската станица во Гошинце, извшен е претрес на куќите.
При претресот на куќите, како што информира за Телма портпаролот на МВР Иво Котевски, било пронајдено оружјето и муницијата која беше одземено при нападот на ПС Гошинце, кој се случи во вторникот.
Полициската акција е во тек, повеќе детали МВР најави во текот на денот.
OhridNews
извор Телма