Во Полициската станица Охрид, вчера, во 21.34 часот, вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на улицата „Партизанска“ бил пронајден починат 46-годишен охриѓанец, вработен во Агенција за обезбедување,  која била задолжена за обезбедување на објектот.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител , телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

OhridNews