Пронајдени две рибарски мрежи со улов на охридска белвица.
На 19/20.10.2021 во периодот од 19.00 до 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во водите на Охридското езеро, во близина на автокамп „Елешец“ пронашле две рибарски мрежи со улов на охридска белвица, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку пред неколку дена во Охрид, Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, заедно со вработените во Државниот инспекторат за земјоделство имаше повеќе работни состаноци со командирот на Езерската полиција при МВР, како и со претставници на Регионалниот центар за гранично управување запад при МВР.
Заеднички беше констатирано дека соработката помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство со МВР Езерската полиција и Регионалниот центар за гранично управување Запад е на одлично ниво што резултираше со низа успешни заеднички активности во спречување на криволов во водите на Охридското езеро, информираат од Државниот инспекторат за земјоделство.
Н.С.Ј.