Во Секторот за внатрешни работи Охрид, вчера, околу 17 часот, припадник на планинарска спасителна служба на Црвен Крст, пријавил дека е пронајден женски леш, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
- Безживотното тело, врз кое, според првичните сознанија немало траги на насилство, било забележано на планинската патека која води од селото Горно Коњско кон населбата „Лагадин“, информира Димоски.
На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба, увидот ќе биде извршен денеска.
OhridNews