Вчера околу 18.30 часот на ул.„Славеј планина“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица од Струга  лишиле од слобода две лица на возраст од 28 и 33 години, двајцата од Дебар, затоа што кај нив бил пронајден хероин.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

 

OhridNews