По речиси двонеделна потрага, денеска бил пронајден авионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, кој се урна во услови на невреме во Ламанш, јави вечерва британскиот канал Скај њуз. Авионот бил пронајден на дното од морето.

На 22 јануари, мал приватен авион кој со кој фудбалерот леташе од Нант до Кардиф, каде требаше да ја продолжи кариерата по трансферот вреден 17 милиони евра, исчезна од радарите. По три дена потрагата беше запрена, по што започна приватна потрага за која преку интернет беа собрани 300.000 евра.

-Ги пронајдовме остатоците од авионот со кој летаа Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон, за што веднаш го известивме семејството. Во понеделник местото ќе го посети тим на истражители. Од почит кон семејството други детали нема да бидат соопштени. – изјавил за телевизијата Скај њуз претставник на приватната компанија која ја спроведе потрагата.

OhridNews