Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај Рашче, информираат од Центарот за управување со кризи. Претходно синоќа беа извлечени телата на три жени од автомобилот Ауди, кој вчера попладне се излизга во Вардар во близина на селото Рашче.
Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена сосотојба.
OhridNews