Денеска во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ професор д-р Гордана Такец ги промовираше стихозбирките „Капка среќа“ и „Наслед(е)на љубов“ од авторката Дана Тембелеска.
Промоцијата ја отвори и присутните гости од Битола и Охрид ги поздрави директорката на Библиотеката, Христина Трпеска.
Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре, а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно отколку лирски во неа ја прикажува суровата реалност. Тембелевска е поетеса која со силна гласност ја најавува својата поетска мисла.
Избор стихови од двете книги читаше авторката која со многу емоции ги донесе своите творби.
Тембелевска зад себе има бројни награди и признанија, а е член на Литературниот клуб од Прилеп. Подготвува книга за деца, а од неодамна успешно се занимава со пишување афоризми, но и хаику поезија.
OhridNews