Викендов се одржа рекреативен планински велосипедски маратон Галицица 2009, кој мина во организација на велосипедскиот клуб Екодром од Охрид и Националниот парк Галицица по повод 23 септември денот без моторни возила и промоција на новата трасирана и обележана планинско велосипедска патека во националниот парк.
Од клубот се надеваат дека ваквите настани ќе го промовират Охрид со една нова понуда како туристицка дестинација, кој ма за цел да го афирмира велосипедизмот како спорт поготово кај помладата популација, здрав начин на живот, подигање на свеста кај населението со осврт на зачувуванје на човековата околина.
Благодарници на учесниците на маратон на целта им додели државниот секретар за животна средина Г-га Лидија Зафиросвска, како и управителот на Националниот Парк Галичица Зоран Ангелоски и претседателот на клубот Александар Јованоски.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com