Промовирана првата стихозбирка на познатиот македонски естраден уметник Петар Нечовски насловена „Нотирана поезија“. Во стиховите на Нечовски доминира љубовта како универзално човечко и поетско чувство.
Вели инспирација му била љубовта, кон татковината, децата, жената, природата, љубовта во повеќе сегменти.
Ноти нема, а е нотирана поезија. Но, затоа на крајот на книгата има ЦД и тие се ноти кои може да ги слуша секој. Повеќе од 100 текстови имам напишано за песни кои се отпеани. Од нив одбравме повеќе од 30-тина и ги ставивме во една книга. Оргинална колекција, благодарение на рецезентот проф. д-р Менде Солунчевски кој прв ми пружи рака. За прв пат издавам книга и ми е мило дека наиде на голем публицитет, додава авторот Нечовски.
Потенцира дека името на стихозбирката е дело на Славе Ѓорѓо Димоски, а воедно упати благодарност и за соработката со директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ каде беше одржана промоцијата, но и за влогот на Милчо Јованоски како лектор на стихозбирката.
Рецезентот Солунчевски за ова прво поетско дело на Нечовски, стихозбирката „Нотирана поезија“ ќе рече дека се стихови напишани од грло отпеани.
Во самата стихозбирка поетот ја опишува љубовта во сите свои димензии и бранувања. Книгата е поделена на три циклус: Песни посветени на љубовта кон жената, песни во кои е опеана љубовта кон родната земја, исконска, патриотска, во сите нејзини елемти религија, традиции, слави, села, гледајќи ја истата во етничка граница и песни со љубов кон семејството, преточена кон своите деца, љубовта изразена преку одредени настани со семејството, додава Солунчевски.
Промовирана стихозбирката „Нотирана поезија“ – стихови напишани од грло отпеани
Целиот тираж од стихозбирката „Нотирана поезија“ со ЦД ќе биде подарен без надомест. Издавач на книгата е „Ирис“ од Струга, а корицата ја изработи синот на Петар, Благој Нечовски кој живее во САД.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски