Некогашниот гигант во мобилната телефонија NOKIA на светскиот саем за мобилна технологија што се одржува во Барселона, го претстави ретро моделот 3310 во модерна варијанта. NOKIA во 2000 година продаде 126 милиони примероци од овој телефон. Тоа беше времето пред ајфон и андроид телефоните, но компанијата смета дека со овој носталгичен модел ќе постигне успех на пазарот на кој лансира и два нови тач мобилни телефони по исклучтелна конкурентна цена.

Новата NOKIA 3310 ја има во неколку бои. Има екран во боја кој е малку поголем од оригиналниот, скромна камера од 2 мегапиксели и само 16 мегабајти меморија. Но она што го прави посебен овој модел е времетраењето на батеријата од 22 часа разговор или 31 ден во мирување.

NOKIA 3310 на пазарот ќе се појави оваа година и ќе чини 49 евра.

OhridNews