УЈП од неодамна воведе нова услуга за граѓаните, можност за он- лајн плаќање на даноци. Како што објаснуваат од регионалното одделение на Управата за јавни приходи, каде денес беше промовирана услугата, станува збор за интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка, а граѓаните ќе можат да вршат и он- лајн прегледи и плаќање на даночните долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса.
– Со оваа услуга, граѓаните заштедуваат време и ги избегнуваат каматите за задоцнето плаќање. Новата електронска услуга на УЈП „е-плаќање на даноци“ овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок, данок на додадена вредност и радиодифузна такса со безготовинска картичка Visa, Maestro или MasterCard. При тоа, картичката треба да е издадена од домашна банка, информира Рејна Стефаноска, раководител на одделението на УЈП во Охрид.
Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23 328 даночни обврзници кои се веќе регистрирани корисници на електронските сервиси на управата.
Регистрацијата на „е-плаќање на даноци“ е бесплатна и не е потребен дигитален сертификат. Граѓанинот единствено треба да креира кориснички профил на електронскиот сервис https://etax.ujp.gov.mk
OhridNews