Навивачката химна што ќе се користи за ЕП во ракомет, што почнува во вторник ќе ја пејат осум македонски пејачи и е напишана од Огнен Неделковски на музика на Григор Копров. Како вокали ќе се појават: Дани, Боби Андонов, Биба Додева, Бојана, Дејана Николовска, Влатко Илиевски, Игор Митровиќ и Ѓоко Ѓорчев.


ЕВРОПА Е МАКЕДОНИЈА

Ракомет во срца носиме,
Ајде сите да ги бодриме,
Добра предност да направиме
И на крајот да прославиме!
Ракомет и сала преполна
Нема слика толку убава,
Напред наши пак одекнува
Само спортот вака спојува!

РЕФРЕН:
Цела сала нека навива,
Ракомет е игра најдобра,
Одиме во нова победа,
Европа е тука вечерва!
Ајде сега сите станете
И до еден раце кренете,
Една топка, многу соништа,
Европа е Македонија!
ЕВРОПА Е МАКЕДОНИЈА

Ракомет во срца носиме,
Ајде сите да ги бодриме,
Добра предност да направиме
И на крајот да прославиме!
Ракомет и сала преполна
Нема слика толку убава,
Напред наши пак одекнува
Само спортот вака спојува!

Ohridnews