Монографијата посветена на црквата Четириесет Севастиски Христови маченици, денеска беше промовирана  во музеј куќата „Робевци“ во Охрид.



Автори на  монографијата се археологот Владо Маленко, нумизматичарот Даница Бачева и историчарот на уметност Гоце Ангеличин – Жура, кои пред присутните на промоцијата говореа за значењето на црквата Св. Четириесет маченици во Охрид.



Црквата Св. Четириесет маченици
потекнува од средината XIII век и претставува историска алка помеѓу XII и XIV век. Таа е постара и од Св. Јован Канео и Св. Богородица Перивлепта и е една од најстарите цркви воопшто во Охрид. Црквата е изградена во времето на охридскиот архиепископ Димитри Хоматиjан кој е автор на краткото Климентово житие и архиепископ кој ќе го круниса епирскиот деспот Теодор Дука во црквата Св. Софија.


Заводот и Музеј Охрид ја промовираше монографијата за црквата Св. Четириесет маченици


Во монографијата која беше промовирана ден спроти празникот посветен на Четириесетте Севастиски Христови маченици се поместени факти и фотографии за целокупниот откриен археолошки материјал и фрескоживописот на овој значаен сакрален објект.


OhridNews
фото:Емилио