„Фудбалот во Охрид 1921-2006“ е насловот на монографијата на истакнатиот спортски работник Димче Стојкоски – Лепи, која беше промовирана денеска.
Во монографијата е претставена 85 годишната фудбалска историја на градот Охрид.
Фудбалската историја и историските успеси во фудбалот се оставрени со макотрпна работа, на генерации фудбалски работници од сите сфери на општествениот живот. Монографијата на Стојкоски, низ факти, зборови, бројки и слики, се осврнува на се она што во изминатите 85 години е сторено во Охрид на фудбалски план.
Фудбалската монографија е трета книга на Стојкоски. Во неа трагачите по историските факти ќе ги најдат сите податоци за најважната споредна работа на овие простори. Авторот се надева дека некој ќе си постави цел да подготви слична монографија со која ќе се одбележи и 100 годишнината од фудбалската игра во градот под Самоиловите тврдини.
Монографијата „Фудбалот во Охрид 1921 – 2006“
На помоцијата на фудбалската монографија, присуствуваа голем број спортски работници, пријатели на Стојкоски. Рецезент на книгата е Митко Кузманоски. Монографијата “Фудбалот во Охрид 1921-2006“ финансиски ја потпомогна и локалната самоуправа.
Ненад Цветанов