Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент Охридски- патрониот празник на Охрид, вчеравечер во НУ Библиотека „Григор Пличев“ се одржа промоција на книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска- Илиевска.
-Ова најновото тријазично издание пишувано на македонски, англиски и француски јазик претставува успешен спој на хаику песни и хаибуни низ кои се проткајуваат мотиви од Охрид кој е непресушен извор за поетска имагинација, истакна промоторот на книгата доцент д-р Христо Петрески.
Културнаат програма посветена на празникот „Св.Климент Охридски“ продолжува утре во 11 часот со промоција на книгата „Охридски вистини – случки, приказни и факти од минатото“ од Илче Стојаноски. Во 12 часот на градскиот плоштад ќе започне културно-уметничкито хепенинг „Децата за Свети Климент“. Истиот ден во 19 часот и 30 минути во музејот на Робевци во Охрид ќе се одржи традиционална изложба на Фото- клубот „Охрид“ на тема: „Улична фотографија “, црно-бела техника, а во 20 часот на охридскиот плоштад е закажано дефилето „Сите кон Свети Климента“.
OhridNews