– Книгата произлезе како резултат од мои повеќегодишни истражувања во југо- западна Македонија, која претставува ризница на уметноста од 19 век и преродбата. Содржани се дванаесет студии кои се поврзани со нови откритија од сферата на иконописот и живописот и текстови кои произлегоја од истражувања извршени на Косово, каде откривме многу непознати икони на Дичо Зограф и Аврам Дичов, објаснува д- р Сашо Цветковски .
Станува збор за исклучителни дела за кои досега науката не знаела.
– Тука спаѓаат бројни иконографски истражувања и нови сознанија, како и откриени дела од овие познати зоографи во Грција, вели Цветковски.
Како што потенцира авторот на книгата, дебарската зоографска школа од која како најистакнати се спомнуваат Дичо Зограф и Аврам Дичов, била една од највлијателните школи на балканот.
фото: Емилио