Во рамки на свеченостите посветени на празникот 7 – ми Ноември, денеска напладне во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на третата по ред збирка поезија „Тие доаѓаат“ во избор на Славе Ѓорѓо – Димоски.
Книгата е составена од два дела составена од песни кои се напишани од основци и средношколци. Издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид, а тиражот е 300 примероци.
Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а лектор проф. д-р Димитар Пандев.
OhridNews