Синоќа во Охрид беше промовирана книгата „Тероризам“ од авторите Цане Чапрагоски, Васко Николовски и Ленин Јовановски.

Охриѓанецот Николовски пред присутните изрази задоволство од промоцијата на книгата, која, како што рече, не е наменета само студентите од Факултетот за безбедност, туку за сите граѓани кои ја сфаќаат опасноста од тероризмот.

Настанот беше надополнет со настап на ди-џеј „Ицко“ од Антена 5, охридскиот хард-рок состав The Backdoor Band, и музичкиот талент Мартина Блажеска.

Инаку, книгата „Тероризам“ може да се набави во Факултетот за безбедност и во кафулето „Ван Гог“.

OhridNews