Вчера во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ беше промовирана книгата „Раскази под исарот и вон“ од штипјанката Цвета Спасикова.
Преку збирката раскази која изобилува со вистински случки и настани од секојдневието, социјалните проблеми, разделбите, писталеката на читателите им го доловува Штип и населените земја ширум земјава со наплив на емоции и силни чувства.
„Оваа збирика изобилува со вистински случки и настани од секојдневното живеење на писателката, а во неам има средби, разделби, секојдневни приказни кои ќе останат запаметени засекогаш. Расказите ги пишува во форма на патепис испреплетен со емоции, кои авторката не ги крие обидувајќи се да не насочи кон убавата страна на животот. Кон убавите предели со голема голема љубов кон татковината, најблиските, постарите и помладите, кон се што опкружува.“ – истакна директорката на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска, која воедно се јавува како рецезент и промотор на збирката раскази.
Таа додаде дека книгата соддржи длабоки чувства и спомени, кои авторката на автентичен начин ги споделува со читателите, настојувајќи да ја истакне убавината на животот и покрај проблемите кои се наметнуваат во општеството и влијаат на секој човек.
„Во овие раскази, писателката го има обработено и напуштањето на малдите од татковината, проблемот со старите лица во старечките домови, социјалните проблеми, уништувањето на природата и живиот свет. Но Спасикова се врти кон светлата страна на животот, се гордее со спомените од минатото, со историските споменици на Македонија, со преубавата природа, со своите најблиски и пријатели, со вербата во Бога и со сознанието дека љубовта е насекаде околу нас.“ – даде Боцевска.
Пистелката Цвета Спасикова пред присутните истакна дека книгата изобилува со напливи од чувства и емоции, кои се опишани преку разните случки и настани од минатото.
„Во книгата можност да се запознаете со Штип, надвор од него и земјава, низ времето. Сакам да изразам благодарност до трите грации, кои главни виновници што сум тука во Охрид. Тоа се директорката на НУ Центар за култура „Григор Прлилев“, Драгана Боцевска, која се јавува како рецезент и промотор на книгата. Потоа директоркат на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска, која ги прави рецензиите за детските песнички кои децата ги учат и преку тоа истите живеат низ времето. Третата дама е Деса Делковска, главен и одговорен уредник на најмалото списание за деца, Чекорче, и таа е мојот прв сврзник со Охрид. Голема благодарност од актерката Билјана Билаловиќ, која милозвучниот глас ви доволи дел од расказите.“ – истакна Спасикова.
Писателката Цвета Спасикова доаѓа од Штип, а по трет пат во Охрид промовира дел од своето творештво. Таа претставува плоден пистал, кој покрај пишувањето поезија, твори проза и драми. Од поезијата, до сега ги објавено „Бранување и виделина“, „Сонот на Розата“, „Бисерен Ѕвон“ и „Миленичина“. Од драмите „Едночинки за млади“, и „Ноќ спроти Богородица“, книги проза, приклазни и умотворби од „Дедовото огниште“.
Исто така, писателката е доста популарна кај децата, а има објавено повеќе свои песни во детските списанија како „Чекорче“. Неоддамна, последното нејзино книжевно остварување „Раскази под исарот и вон“, е награден со „Книжевен постулат“ на конкурсот „Пат на зборот“.
О.Т.