Во  просториите на О.У. Кочо Рацин по повод Денот на словенските просветител Св. Кирил и Методи се оджа промоција на книгата „Копнеж сред соѕвездието“ од авторот Љубица Чифлигароска. На промоцијата присуствуваа големи број ученици, родители, просветни работници и гости.

Книгата е печатена во печатницата “Коста Абраш“ во Охрид а нејзини рецензенти се Ивана Рилкова Тодева, Ванѓелко Лозаноски и Ленче Николоска. Како соработници се јавуваат професионалци од издавачката куќа „Љубители на литература, култура и наука  Св. Висарион“ од Демир Хисар, а промотори се Вангелко Лозаноски, Стојанче Колевски и Лидија Дочовска Павловска. Фрагменти од делото читаа учениците Василио Јовчески и Михаела Василевска.

Книгата содржи 16 приказни – слики од животот на авторката – пластично раскажани, со длабок емотивен набој и посебна нарација, што ќе ја разберете само доколку ја прочитате книгата. – рекоа рецензентите.

Во своето најново дело „Копнежи сред соѕвездието“ Чифлигароска решава да не „прошета“ низ неколку етапи од својот живот, а живот како живот знае да не вивне од среќа до облаците, а знае и да ни зададе удари и болки кои се чини засекогаш оставаат белег врз нас, беше истакнато на промоцијата. 

OhridNews

Би се согласиле со констатацијата на авторката уште на самиот почеток на книгата дека „Спомените од детството се нешто најсвето во душата“ . И токму затоа со тие спомени го започнува раскажувањето.
А тие спомени се врзуваат за Белица родното село на авторката кое го споредува со „рајска убавина“.

Промоцијата на книгата ќе биде наскоро закажана и во таа пригода почитувани ќе можете најдиректно да се запознаете со нејзината содржина.

Во рубриката ВО ПОТРАГА ОД ТРАЈНАТА УБАВИНА за да ве заинтригираме ви нудиме на прочит само една од животните приказни на авторката Чифлигароска, која смело го предава своето минато на читателската
јавност.