Во рамки на одбележувањата  на Денот на Сесловенските просветители 24- ти мај, во Центарот за култура „ Григор Прличев“  беше промовирана книгата „ Доживувањата на Ангела“, роман кој ја опишува битката на 14 годишната писателка со леукемијата. 14 годишното девојче Ангела Маркоска ја доби најтешката битка во својот живот. Младата писателка после својота двегодишна борба со леукемијата денес ја промовираше својата книга во која го опишува своето тешко и болно искуство со оваа подмолна болест . После тешката борба Маркоска е излекувана, а целта на оваа книга е да им даде надеж на сите оние кои поминуваат низ пеколот , низ кој поминала и самата .

Елизабета Настеска Велјаноска која е промотор на оваа книга вели дека последните неколку 3-4 месеци оваа книга и покажала дека ова е дело кое ќе остане и секој ќе го памети . Таа додава дека младата писателка има потенцијал за уште многу други дела во иднина .

Ванѓелко Лозаноски кој е издавач од здружението „ Висарион“ за книгата „ Доживувањата на Ангела“ вели дека станува збор за дело кое младата поетеса ја прави посебна и го покажува својот потенцијал и во иднина да пишува .

– Од првиот момент кога го запознав девојчето кое многу малечко мораше да се соочи со суровата реалност бев воодушевена , вели Љубица Чифлигароска одделенски наставник . Таа додава дека преку пишаниот збор Маркоска успева да ги изрази своите измешани емоции од битката од која излегува како победник .

Оваа книга е дело кое останува како сведок за едно девојче кое го сака животот и успева да преброди тежок период . Доживувањата кои ги опишува се со една единствена цел да им даде надеж на сите кои се соочуваат со вакви тешки моменти .

OhridNews