„Ohridnews“ и Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ја промовираа кампањата за заштита на охридските плажи од цврст отпад.
Во Охрид дневно во лето се подигаат 60 тони отпад, а по завршувањето на туристичката сезона на охридските плажи остануваат и до 20 тони најразличен цврст отпад, беше посочено на прес конференцијата што денеска се одржа на Плажата 1 кај Студенчишта.
„Овој проект има за цел да ја подигне јавната свест за намалување на загадувањето на плажите од цврст отпад“, изјави на промоцијата државниот секретар во Министерството за екологија Дејан Пановски.
Јавната свест секогаш е критично прашање и доколку со вакви мерки не се успее да се влијае, тогаш согласно законот ќе се применуваат казнените мерки кои се однесуваат на заштитата на природното богатство, додаде Паноски.
Министерството за животна средина оваа година финансира 70 проекти за заштита на природата меѓу кио и проектот на првиот локален електронски весник „Ohridnews“.
Во рамките на овој проект деновиве на десет најфренквентни плажи во Охрид, на потегот од Студенчишта до Свети Наум се поставени едукативни табли за заштита на плажите од цврст отпад.
една од едукативните табли поставени на охридските плажи
Покрај ова снимени се повеќе едукативни аудио и видео спотови кои се емитуваат на локалните медиуми, а ќе биде испечатен и соодветен пропаганден материјал кој ќе им се дели на граѓаните на Охрид и туристите.
ohridnews