Интернет страницата www.meteoalarm.eu  која ќе собира информации за вонредни метеоролошки услови во цела Европа, беше промовирана вчера во Виена.

Сајтот официјално ќе почне да работи на 23 март во Мадрид, кога се одбележува Меѓународниот ден на метеорологијата. Идејата за сајтот е на австрискиот. Сајтот ќе информира за поплави, топлотни бранови, лавини, силни бури и урагани во Европа. На сајтот ќе се објавуваат и 24-часовни и 48-часовни предупредувања за ризици од густи магли, силни студови, шумски пожари и „крајбрежни“ случувања, како што се големи плими и слично.

Корисниците на сајтот ќе кликаат на мапата на Европа за да добијат детална информација за метеоролошките услови за следниот ден во дадена европска држава. На мапата државите се обележани со пет бои. Белата боја значи недостиг на информации или непроверени или сомнителни информации за времето, зелената значи дека нема непосредна закана, жолтата сигнализира потенцијално опасно време, портокаловата предупредува за опасни метеоролошки услови, а црвената алармира за многу опасно време.