Во Куќата на Уранија, вечерва, беше промовиран водичот на англиски јазик – “Guide book Macedonia” од Гоце Дртковски, а во издание на „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје.
Како што беше истакнато на промоцијата, водичот е резултат на проекти од областа на презентација на Македонија и туризмот, којшто е колектиран и работен во последните 15 години.
На четиристотини и четирите страници, водичот содржи 50 мапи, десет 3Д мапи на поголемите градови во Македонија, 100 илустрации и 999 фотографии кои покажуваат голем дел од богатствата на Македонија.
Инаку, промоцијата на водичот “Guide book Macedonia” се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“, што предизвика полемики на социјалните мрежи. Можеа да се прочитаат и критики околу критериумот на селектирање на вакви и слични настани на најзначајната културна манифестација во земјата, дотолку повеќе што се работи за светски познат музичко – сценски фестивал, а на чија програма во последно време се почесто се наоѓаат настани од комерцијален карактер.
OhridNews