Вечерва се одржа официјалната промоција на видео-записот за “Ja би да сам опет мали” на нашиот Боби Мојсовски и хитмејкерот Тончи Хуљич, подржани од неговиот бенд „Madre Badessa“. Промоцијата започна на хрватскиот твканал „Croatia Music Channel“, еден ден по промоцијата на истоимениот сингл на СМС фестивалот во Водице, Хрватска.

„Синглот зборува за безгрижните и убави денови од нашите детства, за љубовта, среќата и време кога секој ден ни беше исполнет со радост. Зборува за тоа како на денешниот свет му треба повеќе од таа невина љубов која секое дете ја има. А овој видео-запис има хумористична содржина. Ќе ве насмее, расположи и ќе ви го исполни денот со позитивна енергија” – вели Боби. 

По овој сингл, Боби напомена дека следат уште многу планови и соработки со Тончи Хуљич, еден од најпознатите хитмејкери на овие простори, познат по хитовите на: Магазин, Оливер Драгојевиѓ, Даниела Мартиновиќ, Јелена Розга и други.

OhridNews