Првиот видео спот на охриѓанецот Петар Маркоски снимен за песната „Со тебе“ која ја изведе на Охрид Фест 2010, деновиве беше промовиран на плажата „Cuba Libre“.


На промоцијата присуствуваше екипата која го работеше спотот, како и бројни гости и обожаватели на младиот Петар.


Комплетен автор на песната „Со тебе“  и продуцент е Даниел Јовески. Видео спотот се снимаше во вила „Денариус“ , „Irish Pub Balabans“ , и вилата „Александар“. Режисер и продуцент е Даниел Јовески, а за шминката се погрижи Кристина Калајџиева (Кика).


Промовиран спотот првенец на охриѓанецот Петар Маркоски

OhridNews
фото: Митко Орачевски