„Охрид – град на светлината“ (Ohrid – City of Light) е најновиот спот од кампањата „Македонија вечна“ кој денеска го промовираше маркетинг агенцијата „Њу момент“. Во едноминутниот спот кој од денеска ќе се прикажува на Си-Ен-Ен, претставени се културно историските  знаменитости на Охрид, како и традиционални специјалитети и стари занаети.

Сценариото и режијата на спотот се на Душан Дракалски. Тој бил сниман пет дена на познати локации на Плаошник, селото Трпејца, Св. Наум, Св. Бородица Перивлепта, стариот град и куќата на Робевци… Во изработката на спотот била вклучена 70-члена екипа, а вкупниот буџет е 80.000 евра.


Спотот е изработен во две верзии за кои музиката ја подготвија композиторот Дуке Бојаџиев и групата „Фолтин“. Во него се појавуваат Мето Јовановски, Каролина Гочева и Николина Кујача.

Во рамки на кампањата „Македонија вечна“  ќе бидат изработени  уште два тематски спота – за македонското вино и за археологијата во Македонија.

Ohridnews