Во НУ Библиотека “Григор Прличев“ денеска беше промовиран современиот роман “Качунковци“ од Крсте Костоски.

Качнковци е втор роман на Костоски во кој се зборува за распадот на Југославија и крвата војна на балканот. “Качунковци“ не потсетува на сите минати времиња кога македонците и македонија постојано биле напаѓани од туѓите интереси и пропаганди, постојано учествувале во војни во кои самите себеси си биле убијци“, рече промоторот д-р Васил Тоциноски.


романот го промовираше д-р Васил Тоциноски

“Качунковци“ е посветен на 54-та македонски војници кои ги положија своите животи во крвавата југословенска војна иако Македонија не учествуваше во неа, ни изјави писателот Крсте Костоски.


од промоцијата

“Качунковци на нашиот сограѓанин Костоски е современ роман на 177 страници во издание на “Современост“.