Во просториите на О.У.Ванчо Николески, вчера беше промовиран романот “Белио“ од охридската авторка Евда Попоска. За романот зборуваа и го промовираа професорот д-р Пере Аслимоски и професор д-р Драган Јанкоски.


-Авторот Евда Попоска, откривајќи ги етно културните вредности на селото Лескоец и неговите жители, остава значаен белег во откривањето на нашата духовна култура и традиција. Открива вредности кои треба да ги почитуваме и на еден модифициран начин да ги применуваме во нашето секојдневие.- рече професорот д-р Пере Аслимоски.


Романот е живописно патување низ времето кое започнува од височините на врвот Белио, а завршува во подножјето на селото Лескоец. Природните убавини и начинот на живеењето на луѓето, еден редок човечки  вид “чоевкољубци“. Во книгата посебно се посветува внимание на најголемиот човекљубец меѓу другите човекољубци лесковчани проф.  Д-р Јордан Спасески, основоположникот на Факултетот за безбедност во Македонија. Незаборавените мигови на детето учител, кој уште од својата 16та година се наградил со голема одговорност. Спомените за топлиот  семеен амбиент во кој учителот добиваше енергија за правилен од во животот. Сите нас на обединува вредноста наречена човекољубие и другите вредности кои што го прават животот препознатлив и посебен, посочија промоторите на книгата.


Авторката Евда Попоска има објавено повеќе дела меѓу кои и  романот “Филомена“.

З.А.