Охридската хард рок состав „The Backdoor Band“, вчера во „LIQUID CAFÉ“ го промовира деби видео записот за нивниот прв сингл со наслов “На задна врата”.
Видео записот е снимен во дискотеката „Парк“ во Охрид, во продукција на Даниел Јовески – Sustain Entertainment, а по сценарио на „The Backdoor Band“. Главниот женски лик во спотот го толкува Хелена Роза, а главниот машки Петар Џепароски.
Од бендот велат дека се задоволни со промоцијата и поддршката која ја добиваат од публиката, а за скоро време го најавуваат својот втор видео-запис.
„Музиката за првиот наш сингл е на Жарко Јакимоски и Лазе Фармакоски, текстот на Жарко Јакимоски, а аранжманот на членовите на бендот. Задоволни сме од промоцијата и приемот кој го имавме како во Скопје, така и тука во Охрид. За скоро време, ќе снимаме нов видео-запис, а до есен би требало да излезе нашиот прв студиски албум.“ – вели тапанарот на бендот, Никола Колјушевски.
Инаку, бендот е формиран пред повеќе од 2 години, а во него членуваат: Жарко Јакимоски – вокал, Лазе Фармакоски – гитара, Александар Марковиќ – бас гитара и Никола Колјушевски – тапани.
OhridNews